По раскошната венчавка Пепа Мидлтон и Џејмс Метјус заминаа на исто толку раскошен меден месец на остров кој некогаш беше сопственост на холивудскиот актер Марлон Брандо. Веднаш по помладата сестра на принцезата Кејт и нејзиниот избраник бил видени во Лос Анџелес на пат кон островот кој е дел од Француска Полинезија, а кој беше во сопственост на Марлон Брандо до 2004 година, односно до неговата смрт. Пипа и Џејмс една недела ќе уживаат на волшебниот остров во ресортот „Брандо“, кој нуди се што некому би му било потребно за совршен меден месец.
Некога островот го користеле кралевите на Тахити за одмор, но кога го купил Брандо во 1967 година, станало еколошки ресорт. Има 35 вили со свој базен и парче приватна песочна плажа.
Островот е идеален за различни активности во вода, па е добар избор за спротски пар како Пипа и Џејмс.
Ноќевање на овој рај на земјата чини 2700 долари, а за тие пари следува и персонал достапен 24 часа. Приватноста е загарантирана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.