Пипа Мидлтон (33) и Џејмс Метјус (40) се свршија по помалку од една година врска.
Протекоа детали за свадбата на Пипа Мидлтон и Џејмс Метјус, нејзиниот богат свршеник. Британските медиуми се распишаa за свадбата на убавaтa Пипa, веднаш споредувајќи ја со онаа на нејзината постара сестра, Кејт Мидлтон. Но, не може да се спореди една кралска свадба со народна. Сепак, романтика и гламур нема да недостасуваат!
Свадбената церемонија ќе се одржи во мај 2017 година.
Британски „Мирор“ пишува дека Пипа ќе се венча во локалната црква „Свети Марк“ во близина на имотот на нејзините родители Керол и Мајкл, вреден 6 милиони фунти.
Британскиот весник „Дејли мејл“ објави дека на венчавката на годината ќе бидат присутни 150 гости. Забава во градината на нејзините родители, би било доволно добра за згодната Пипа. Освен тоа, за шармот ќе придонесат и преслатките – принцот Џорџ и принцезата Шарлот. Принцот и принцезата ќе бидат задолжени за цвеќето и прстените. Џорџ ќе ги носи прстените, а Шарлот ќе расфрлува цвеќе. Прекрасната и дискретна свадба, Пипа има намера да ја заштити од љубопитните медиуми.
Кум би требало да биде брат на нејзиниот сврешник, Спенсер, инаку скандалозен член на семејството, бидејќи своевремено учествувал во риалити шоу, а познат е и по своите секс-скандали.
Пипа и Џејмс се забавувале помалку од една година кога тој ја запросил во јули годинава. Пипа била сосема изненадена од запросувањето, но и воодушевана се согласила да се омажи за британскиот милионер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.