Вработени во „Здружение на возали“ од Кочани незаконски наплатувале членарина за здружението од граѓаните кои доаѓале со своите возила на технички преглед.
Кочанската полиција против Ј.А.(67) и К.А.(36), двајцата од Штип, одговорни лица во „Здружение на возачи“ Кочани ги пријавила за злоупотреба на службената положба и овластување. Во периодот од 1 јануари 2007-ма до 31 декември 2012-та година, пријавените одобриле одлуката за наплата на членарина во Здружението на возачи да се применува на сите граѓани кои вршат технички преглед на моторни возила, иако истите не се членови на Здружението, со што на овој начин овозможиле да се врши наплата на членарина во износ од по 80 денари за сите лица што вршат технички преглед, а Здружението да се стекне со противправна имотна корист во вкупен износ од 1.448.219 денари (24.000 евра)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.