| четврток, 6 декември 2018 |

Финансиска полиција не влегла во Клиниката за хематологија

ЗУ Универзитетската клиника за хематологија тврди дека кај нив не влегла финансиска полиција, во врска со истрага за набавка на лекот „мабтера”, кој наводно бил донесен со паралелен увоз по интервентна постапка.

Од Клиниката соопштија дека воопшто не е извршена набавка на ваков лек, а лекот Rituximab-Мабтера- кој во моментот се аплицира на Клиниката за хематологија е добиен според регуларна отворена постапка- меѓународен тендер бр. 4/2017 од 29.06.2017.

– Истиот се увезува според паралелен увоз и дистрибутерот уредно ја доставува целата потребна документација и дозволи од МАЛМЕД, согласно на законските барања. Стручниот колегиум не се сомнева во квалитетот на лекот бидејќи е од оригинален производител, до сега не се евидентирани несакани реакции, ниту има поместување во очекуваните резултати од лекувањето. Не сме имале ни поплака од ниту еден пациент поради дистрибутивниот синџир кој се користи за да се донесе лекот – се вели во соопштението.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top