Од Универзитетската клиника за хематологија информираат дека целосно е обновениот Оддел за трансплантација, во чии рамки за прв пат започнуваат нова софистициран метод на лекување – несродна трансплантација на матични хематопоетски клетки.
– Универзитетска клиника за хематологија со овој чин не само што ќе овозможи за првпат во нашата држава да биде достапен овој софистициран тераписки метод за пациентите, туку ќе биде препознаена и како еден од лидерите во регионот на овој план. Ова е висок професионален дострел за нас како здравствени работници, нова страница во историјата на македонската хематологија како и важен чекор напред за јавното здравство на Република Македонија во целина – се вели во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.