| четврток, 6 декември 2018 |

Финансиска полиција го чешла Палермо, клубот мора да ги продаде најдобрите фудбалери

Утрово, финансиска полиција ги посети клупските простории на Палермо и стадионот „Ренцо Барбера“ и ја заплени документацијата на Палермо.

Медумите од Палермо пишуваат дека клубот се соочува со проблеми со даночните власти, посебно по враќање на раководечкиот пакет на Маурицио Зампарини. Проневера, перење пари и погрешно лиценцирање се причините, за кои неофицијално се товари клубот на Трајковски и Несторовски.

Запленети се документи и од канцеларијата на Маурицио Зампарини во центарот на градот.

Големиот долг на клубот веројатно ќе значи и продажба на нашите Илија Несторовски и Александар Трајковски. Палермо идната сезона ќе игра во Серија Б, откако заврши на 19. место во Серија А.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top