| четврток, 6 декември 2018 |

Поради реновирање, привремено преместени амбулантите и шалтерот на Клиниката за хематологија

Поради реновирање и поголеми градежни зафати,постоечките простории на амбулантите и шалтерот на ЈЗУ Клиника за хематологија при Клинички центар “Мајка Тереза“ времено ќе бидат сместени во други простории, информираат од Клиниката.

Од 1 август 2018 натаму амбулантите и шалтерот на Клиниката за хематологија ќе работат во амбулантскиот дел на Клиниката за дерматологија во рамките на Интерната зграда, поточно на поранешниот „Машки оддел“.

Сите контакти, телефонски броеви и електронски адреси остануваат непроменети. По завршувањето на градежните работи, пациентите навремено ќе бидат известени за повторното ставање во употреба на постојните просторни капацитети, информираат од ЈЗУ Универзитетска клиника за хематологија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top