Музејот на современата уметност-Скопје по одобрениот грант од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност за Програмата Еразмус, реализираше посета на Музејот Штуки во Лоџ, Полска и Институт Лима од Амстердам, Холандија. Програмата која вклучува едукациски стратегии во насока на стручно надоградување на професионалниот кадар се реализираше согласно потребите на Музејот на современата уметност-Скопје во сферата на компетентноста на кадарот, следењето на европските структурални димензии и Стратегијата за интернационализација во соработка со актуелни и можни европски партнери.
Во рамки на проектот кој се реализираше во текот на 2017 и 2018 година, во Музеј Штуки, Лоџ (вклучувајќи ги сите три поставки во MS1, MS2 и Хербст Палатата) во текот на месец март тимот на МСУ Скопје составен од Мира Гаќина, Јованка Попова и Илиана Петрушевска реализираше работни средби и размена на искуства со директорот на музејот Јарослав Сухан, како и куратори и стручни лица од изложбениот оддел, одделот за едукација, одделот за конзервација. Музејот на современата уметност-Скопје при Еразмус+ програмата за мобилност се здоби со нови сознанија за одредени нивни искуства и програми кои кај нас допрва треба да се имплементираат меѓу кои и иновативни пристапи за доближување на музејските поставки на луѓе со посебни потреби и деца со пречки во развој.
На Еразмус+ програмата за мобилност во Холандија учествуваа двајца куратори и еден конзерватор, Бојана Јанева-Шемова, Благоја Варошанец и Љупчо Иљовски, кои во текот на месец април присуствуваа на седумдневна обука за документација, реставрација и презервација на нови медиуми (видео и инсталации) во Институтот Лима, Амстердам. Притоа, се стекнаа со специфични знаења и вештини за најновите методи во кураторската пракса и документирање, третирање и презентирање на делата, како и увид во најновите приоди во дигитализацијата и презервацијата на нови медиуми. Обуката беше спроведена преку заедничка работа на конкретни примери од делата на Колекцијата на МСУ-Скопје, проследени со предавања, дискусии, работилници за преземање на практични чекори, вежби, споделена литература, посета на депото на Стеделијк Музејот и другите поголеми музеи во градот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Белинда Казим-Камински, филмска проекција и разговор во МСУ
-
Отворена изложбата „Подарени дела од Чехословачка“ во Музејот на современа уметност
-
Препрочитување на Бергман во МСУ: Прва национална премиера на филмот, „Бергман: една година од еден живот“ на Јејн Магнусон
-
„Подарени дела од Чехословачка“ 100 години од формирањето на Чехословачка (од колекцијата на НУ Музеј на современата уметност-Скопје)