| четврток, 6 декември 2018 |

Изложба на Лазар Дарковски во „Јавна соба“

Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“ е домаќин на уште едно ликовно искуство на Лазар Дарковски кое ќе биде отворено за јавоста од понеделник, 7. мај со почеток од 21 часот. Влезот за сите посетители на современата уметност е слободен.

„Linescapes” е третата самостојна изложба на Дарковски, составена од 15 дела, акрил на платно.

Честопати Дарковски при размислувања и разговори за уметноста и конкретно за своите дела го цитира Cy Twombly кој вели: “it’s more like I’m having an experience than making a picture”, со што го потенцира значењето на самото искуство на создавање на делата и процесот на создавање. Притоа, уметничкиот објект или резултатот и не е примарен фокус, туку идентификацијата со процесот како усвојување на личниот духовен простор, алатка која уметникот го заштитува од сопствениот ум и од надворешните извори на хаос.

Изложбата е поставена од 7. до 21.мај во галеријата во Јавна соба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top