| четврток, 6 декември 2018 |

Се огласи и Владата: Шаќири е советник на Заев и зема плата од 36.000 денари

Поранешниот пратеник во Собранието на РМ Џезаир Шаќири е времено ангажиран како надворешен соработник од областа на внатрешната безбедност и борба против радикализмот, за потребите на Канцеларијата на претседателот на Владата на РМ, соопшти денеска владината прес-служба.

Како што се наведува во соопштението, Шаќири има времен договор со времетраење од една година со висина на примања од 36.000 денари месечно.

Шаќири, кој е познат како командант Хоџа, по информациите и реакциите викендов дека е назначен за советник за безбедност, на својот Фејсбук профил напиша дека „ја добил функцијата за да преживее“.

– Ниту сум избран за премиер, ниту за прв парламентарец. Едноставно се работи за функција за да преживеам. Секакви луѓе има во владата избрани на разни функции, а вие реагирате за мене- напиша Шаќири на Фејсбук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top