| четврток, 6 декември 2018 |

Лисицки е хит на Вимблдон

Сабине Лисицки е хит на Вимблдон, а по сензационалната победа над Серена Вилијамс, попладнево ја елиминира и Каја Канепи, со што стана прва полуфиналистка во Лондон.

Германката е 23. носителка на турнирот, а меѓу најдобрите четири тенисерки се пласира по триумфот од 6-3, 6-3 против Естонката Канепи. За Лисицки ова е реприза на најголемиот успех од пред две сезони кога, исто така, играше во полуфиналето на Вимблдон. Тогаш на патот до финалето ја сопре Марија Шарапова, а сега противничка за највисок дострел на гранслем-турнирите ќе ѝ биде подобрата од мечот Бартоли – Стивенс, кој се игра подоцна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top