На македонскиот телекомуникациски пазар од следниот месец треба да почне со работа нов мобилен оператор „Албафон“. Ќе работи како виртуелен мобилен оператор, ќе ја користи мрежата и антените на ОНЕ. Префиксот за повикување ќе биде 073. Адриан Хоџа, извршен директор и претседател на Бордот на директори на „Албафон“, денеска на прес-конференција најави дека нивна таргет група, како четврт мобилен оператор, ќе бидат граѓаните во Македонија со албанско етничко потекло.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


