| четврток, 6 декември 2018 |

Гатачка им гледала на кафе на снаа и свекрва, па им го украла целото злато

Полицијата во Струга поднесе кривична пријава против Ф.М. (49) од Република Албанија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“ и против И.В. (43) од Прилеп поради постоење основи на сомнение засторено кривично дело „помагање“.

На 04.05.2017 година во с. Јабланица, струшко, Ф.М. со помош на И.В. дошла во домот на Н.Д. каде побарала да и гледа на кафе на Н.Д. и нејзината снаа. За истото требале да и дадат златен накит и 100 евра.

Откако истите и го дале, пријавената им кажала дека треба да го земе златото за да ја тргне магијата и дека ќе им го врати во 15.00 часот. После тоа заминала од домот, им оставила телефонски број за контакт, но повеќе не се појавила, а на телефонскиот број не била достапна.

Со тоа лицата увиделе дека се измамени и дека ги оштетила за 250.000 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top