
– Евентуална дозвола на екипата од Пеќ да влезе во АБА лигата ќе значи распаѓање на натпреварувањето, изјави претседателот на Црвена Звезда Небојша Човиќ.
Со сличен став излезе и раководството на Партизан.
– Во случај на влез во АБА лигата на клуб од Косово, Партизан ќе го стори истото тоа што ќе го направат и другите српски клубови. Искрено не верувам дека во скоро време може да се случи некој косовски клуб да игра во АБА, изјави Драган Тодоровиќ, спортскиот директор на актуелниот АБА шампион.
Овие реакции се последица на изјавата на новиот тренер на кошаркарскиот клуб Пеја, хрватскиот стручњак Данијел Луц, кој побара следната сезона неговиот клуб да биде примен во АБА лигата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Граѓани преку Фејсбук повикуваат на бојкотирање на наставата во училиштата поради загадениот воздух
-
МЗТ симнат од тронот, Работнички е нов шампион на Македонија!
-
Мекејлеб ја напушта Сарагоса: Причина е смртта на неговата мајка
-
Фијаско на македонските кошаркарки во Италија, загубија со 60 коша разлика


