| четврток, 6 декември 2018 |

Посебен мобилен оператор за македонските Албанци

На македонскиот телекомуникациски пазар од следниот месец треба да почне со работа нов мобилен оператор „Албафон“. Ќе работи како виртуелен мобилен оператор, ќе ја користи мрежата и антените на ОНЕ. Префиксот за повикување ќе биде 073. Адриан Хоџа, извршен директор и претседател на Бордот на директори на „Албафон“,  денеска на прес-конференција најави дека нивна таргет група, како четврт мобилен оператор, ќе бидат граѓаните во Македонија со албанско етничко потекло.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top