Нов потрес на Вимблдон се случи на почетокот на втората недела од турнирот во Лондон, а сензација направи Германката Сабине Лисицки со елиминација на петкратната шампионка на гранслемот Серена Вилијамс. Со храбра игра Лисицки ја надмудри Американката и го сопре низот од 33 победи и ја спречи да ја одбрани титулата.
Сабине направи брејк во клучен момент, при 4-4 во гемови во третиот решавачки сет, а потоа го одбрани својот сервис за прекрасна победа од 6-2,1-6, 6-4. Серена е најтрофејна активна тенисерка на турнирите на ВТА и има најмногу титули на Вимблдон, точно 5 во сингл.
Сега и двајцата шампиони од лани се испаднати, па сигурно ќе има нови победници на најпрестижниот тениски турнир на планетата.
Пред Вилијамс, турнирот заврши и за Роже Федерер, кој лани беше најдобар на Вимблдон. Со него и Серена, во аут се и Марија Шарапова, Ана Ивановиќ, Цонга, Хјуит…, а изненадувањата и неочекуваните резултати продолжуваат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




