| четврток, 6 декември 2018 |

Веднаш престанете со овие секојдневни навики: Не сте свесни колку му штетат на мозокот

Баш како и секој останат орган и мускул во телото, така и мозокот може да се развива или да стагнира врз основа на секојдневните навики.

Ова се неколку кои под итно мора да ги промените ако сакате мозокот да ви работи со полн капацитет.

Недостаток на комуникација
Секои 10 минути разговор ја подобруваат работата и меморијата на мозокот.

Премногу шеќер

Големите количини на шеќер може негативно да влијаат на долгорочната меморија и способноста за паметење и учење.

Недостаток на продуктивност

Луѓето кои не прават ништо подолг временски период имаат поголеми шанси да развијат деменција во староста.

Избегнување на појадокот

Првиот оброк е важен, бидејќи со негово прескокнување се зголемува гликозата во крвта, што негативно се одразува на функциите на мозокот.

Брза храна

Константното консумирање на брза храна и прејадувањето негативно влијаат на контактот меѓу мозочните клетки.

Сладолед

Било која ладна храна може да предизвика главоболка.

Покривање преку глава
Додека спиете, не се гушете со покривање преку глава. На мозокот му е потребно полнење со чист и свеж воздух, а не циркулирање на истиот.

Недостаток на вода

Недоволното внесување на вода во телото може да ги забави функциите на мозокот.

Алкохол

Сите истражувања потврдуваат дека алкохолот ги убива конекциите меѓу мозочните клетки.

Недостаток на физичка активност
Колку и да ви се чини чудно, физичката и менталната активност се тесно поврзани, па луѓето кои не се физички активни, не се ниту психички подготвени за предизвици.

Строги диети
При диетите и изгладнувањето, телото не е единственото нешто што слабее.

 

извор:орбис.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top