| четврток, 6 декември 2018 |

Со изложба во Музеј на град Скопје ќе се одбележи Светскиот ден на уметноста

15-ти април, денот кога е роден големиот гениј на италјанската и европската ренесанса Леонардо да Винчи, го славиме како Светски ден на уметноста. Општината Центар – Скопје заедно со Асоцијацијата за култура ИКОН веќе традиционално го обележуваат овој празник на уметноста. Оваа година кон ова чествување се приклучува и Музејот на град Скопје со што овој празник добива и институциална димензија.

Празнувањето оваа 2018 година го одбележуваме со изложбата на големиот австриски уметник и пријател на Македонија, Бернхард Холеман. Изложбата носи наслов „ Свети Наум како  ликовен сон “.

Древниот манастир Свети Наум од крајот на деветиот век е место каде што со векови се таложеле културни наслојки и се вкрстувале цивилизации и култури. Токму затоа овој манастир стана инспирација за ликовниот уметник Бернхард Холеман кој неколку години во летните месеци престојуваше во манастирските конаци. Неговите дела создадени за тоа време и на тој простор  се културно – цивилизациски континуитет,  со несомнен  придонес  во градењето на европската ризница на културни вредности.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top