Најжестоките навивачи на сицилијански Палермо, „Курва Норд 12“ му се извинија на македонскиот репрезентативец Илија Несторовски за свирежите, кои неодговорни симпатизери на овој италијански калчолигаш ги упатија за време и по мечот со Пескара (1-1) викендов.
Несторовски во последните неколку месеци игра под нивото кое го очекуваат сите во Палермо, откако фантастично тргна во сезоната со 10 голови и како вистински капитен ги воодушевуваше сите присутни на „Ренцо Барбера“ со својата пожртвуваност. Но, откако дојде завршницата во сезоната, во која Палермо има мртва трка со Фросиноне за второто директно место кое носи враќање во Серија А, секој лош настап и резултат тешко се прифаќаат на Сицилија, а неочекуваното реми со Пескара донесе и свирежи.
– Во вака израмнето првенство за да доминирате треба сите компоненти да ги имате на иста страна – тимот, клубот, навивачите. Сите мора да бидат еден блок, мора да се поддржуваат еден со друг, да си влеваат сила еден на друг…Свирежите кон Несто не се од нас и сега во вака тежок период низ кој поминува, треба поддршка и охрабрување. Напред Илија, 12-та е со тебе, објавија навивачите на својата официјална фејсбук-страница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Палермо е главен град на културата 2018: До крајот на годината ќе биде домаќин на специјални настани и изложби
-
Бајано: Несторовски не треба да биде опседнат со давање голови
-
„Газета дело Спорт“ со сторија за Македонецот: Несторовски е главен лик во Палермо, душата на тимот
-
Трајковски и Несторовски со Палермо на првото место на полусезоната во Серија Б