| четврток, 6 декември 2018 |

Од стрес драстично се здебели: Тори Спелинг не личи на себе!

Американската актерка Тори Спелинг(44), која неодамна наводно доживеала нервен слом, се појави во јавност, со целосно поинаков изглед.

Таа некогаш беше пример на сите  тинејџерки во култната серија „Беверли Хилс“ во која ја играше Дона, а денеска луѓето едвај ја препознаваат, бидејќи нафрлила десетина килограми.

Актерката доживеала нервен слом на почетокот на март откако дознала дека сопругот ја изневерува, па размислувале и за развод, но сепак останале заедно поради петте деца кои ги имаат: Лиам(10), Стела(9),Хети(6), Фина(5) и Беау(1).

Пред две години доживеа банкрот, но и пред тоа била во тешка финансиска ситуација, бидејќи секогаш премногу трошела, па мајка и и ја плаќала храната и школарината за децата.

Татко и на Тори, познатиот продуцент Арон Спелинг после смртта на ќерка му и остави 800.000 долари, додека на сопругата и оставил 600 милиони долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top