Ѕвездата од некогашната хит серија „Беверли хилс 90210“, актерката Тори Спелинг која ја играше Дона, низ годините беше препознатлива по имиџот на секси русокоса, па се чини дека тоа и здосади, па одлучила да направи некои промени.
Тори својата долга коса ја бојадисала во светло виолетова боја, па веднаш се пофалила на Инстаграм.
-Големо летно откритие… Досадната руса се претвори во преубава розева – напишала Тори, повикувајќи ги сите русокоси да го направат истото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.