Ѕвездата на серијата “Беверли Хилс”, глумицата Тори Спелинг е во вистинско психичко растројство кое овој пат кулминираше многу лошо, па морала да се вмеша и полиција. Според пишувањата на медиумите, во домот на американската глумица Тори Спелинг, минатите денови било многу бурно.
Имено, полицијата интервенирала во домот на славната глумица Тори, откако било пријавено дека таа е ужасно агресивна и опасна. Полицијата пристигнала на адресата на Спелинг со оглед на тоа дека глумицата била во лоша психичка состојба.
Дежурната полиција се задржала подолго време во куќата, а сè уште е непознато кој ја повика полицијата. После увидот, нејзиниот сопруг Дин Мекдермот бил снимен во дворот на куќата како разговара со полицијата и им ги покажува рамената, што покажува дека се случувала вистинска семејна драма.
Магазинот “People” пишува дека еден ден претходно, Тори сама се јавила на бројот 911, тврдејќи дека некој ѝ провалил во куќата. Потоа, во наредниот повик истакнала дека се збунила, односно дека нејзиниот сопруг дошол дома.
44 годишната глумица, која инаку е мајка на 5 деца, веќе подолго време е психички нестабилна, па повремено ситуацијата знае да избега од контрола.
Нејзините најголеми проблеми во бракот, но и со здравјето започнале во 2013 година, кога дознала дека сопругот ја изневерувал. После тоа, таа била пуштена на лекување во болница.
Во ријалити шоуто “Тори и Дин: Заљубени”, некогашната американска ѕвезда рекла дека го спасила бракот поради двете деца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.