| четврток, 6 декември 2018 |

Ѕвезда од „Беверли Хилс“ завршила в болница со симптоми слични на ебола

tori speling

Докторите ја одвоиле од останатите пациенти во болницата и ги презеле сите мерки за да се заштитат од можна зараза.

Тори Спелинг викендов го поминала во болница, во карантин. Ѕвездата од „Беверли Хилс“ неконтролирано кашлала и имала висока температура, а и тешко дишела, пишува порталот ТМЗ. Поради тоа, докторите ја одвоиле од останатите пациенти и ги презеле сите мерки како да се работи за ебола.

„За среќа, Тори нема ебола, но, сепак, има здравствени проблеми“, пишува порталот. Таа пати од бронхит и од воспалени синуси.

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top