Денеска (вторник) во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид, со почеток во 11 часот ќе биде претставена книгата со брзозборки и други јазични игри „Збороигри 2“ од Славе Ѓорѓо Димоски.
Книгата е наменета за најмладите кои ги посетуваат пониските одделенија во основните училишта. Содржината на книгата пртставува вежби за убаво, течно и прецизно говорење кое се учи на таа возраст, како и гласови кои при учење на говорот потешко се изговараат.
Поделени се во четири циклуси: „Мали игри“, „Азбучни игри“, „Откачени игри“ и „Народни игри“. Книгата изобилува со тематски илустрации кои се дело на Јулијана Величковска, а издавач е ПНВ Публикации.
За книгата ќе зборува Мите Стефоски.Содржините ќе ги интерпретираат: Марина Димоска и Маја Мојсова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.