Со документарната и политички ангажирана претстава „ЈАМИ ДИСТРИКТ“, во режија на истакнатиот Кокан Младеновиќ, а во продукција на Тиватскиот културен центар и Битеф театар од Србија, на 12. Април 2018 во ДОМОТ НА АРМ во Скопје, ќе биде означен почетокот на 11. Издание на интернационалниот театарски фестивал „ЛИЦА БЕЗ МАСКИ“, кој годинава ќе се одржи под мотото „НАЈДИ НАЧИН“.
За прв пат во нашата земја во периодот од 13 до 15 април, по три пати дневно македонската публика ќе има можност да ја почуствува магијата на т.н. „СЕНЗОРНА“ претстава, на експерименталниот и независен театар „ПОНТЕН ПИЕ“ од Шпанија, кои во својата куќичка поставена пред платото на Универзална сала, ќе ја изведат претставата „АРТИК“, во режија на СЕРЏИ ОТС. Само ограничен број од 20 посетители на една изведба, ќе имаат можност да ја видат и почуствуваат магијата на студениот АРТИК, а доживувањето е бесценето и уникатно.
Од интернационалната програма во рамките на фестивалот на 14 април, на МАЛАТА СЦЕНА ВО МНТ, ќе биде изведена претставата „55 НИЈАНСИ НА ГЕЈ“, во режија на Блерта НЕЗИРАЈ, а во изведба на „ЌЕНДРА МУЛТИМЕДИЈА“ од КОСОВО. Оваа претстава во текот на минатата година, предизвика голем регионален интерес.
Меѓу другите гости, се и пријателите на фестивалот „92. Арт театар“ од Атина, Грција, кои ќе на 15 април, на МАЛАТА СЦЕНА ВО МОБ.
Од македонската независна продукција, на 13 април, со почеток од 22 часот, на МАЛАТА СЦЕНА на Универзална сала-Скопје, ќе гостува „ИНТИМЕН ТЕТАР“ од Битола, со претставата „ТРИ НАПРЕД, ТРИ НАЗАД“ (седум осмини), во режија на Софија Ристевска, минатогодишна добитничка на наградата за најдобра режија на ИТФ „ЛИЦА БЕЗ МАСКИ“ 2017.
Последната вечер, од фестивалот на 16 април, со почеток од 20 часот, во ДТЦ-Стар Чаршија, ќе настапат минатогодишните победници на „ЛИЦА БЕЗ МАСКИ“, независниот театар „АРТОПИА“, со претставата „УЖЕГНАТОСТ“ во режија на Владимир Милчин, а од 22 часот на МАЛАТА СЦЕНА НА МОБ, пред доделувањето на трите фестивалски награди, ќе биде изведена кореодрамата „ЛА ЛА ЛА“, авторски проект на Саша Евтимова.
Билетите за сите претстави може да се набават преку продажната мрежа на МКТикетс, како и на билетарата на УНИВЕРЗАЛНА САЛА – Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.