| четврток, 6 декември 2018 |

Овие претстави ќе се одиграат на Фестивалот „Гола Месечина“

Ова се претставите што ќе може да ги погледнете во официјалната конкуренција:

18.06.2018 „Једваносимсобоакаломистобо“ од Нејра Бабиќ и Алеш Курт, режија: Алеш Курт – Сараевски воен театар (САРТР), Босна и Херцеговина

19.06.2018 „Синиот Портокал“ од Џо Пенхол, режија: Александар Ивановски – Театар Џинот Велес

20.06.2018 „Госпоѓа Министерка“ од Бранислав Нушиќ, режија: Душан Јовановиќ – Народен театар Ниш, Србија

21.06.2018 „Умри машки“  од Алдо Николај, режија: Коле Ангеловски  –  Народен Театар – Штип

22.06.2018 „Кидај из моје кухиње“ од Реј и Мајкл Куни, режија: Андреа Ада Лазиќ –  Шабачки театар, Србија

23.06.2018 „Дванаесеттата ноќ – спроти Водици“ од Вилијам Шекспир, режија: Дејан Дамјановски – Народен театар „Антон Панов“, Струмица

На 24.06. за најмладите од 20:00 ч. ќе биде изведена претставата „Тоби“, во режија и адаптација на Драгослав Тодоровиќ, во продукција на Театар за деца и младинци – Скопје

По претставата следува прогласувањето на победниците на Фестивалот, а од 21:30 во чест на наградените ќе настапи  стендап-комичарот Марјан Ѓорѓиевски.

На фестивалот ќе бидат доделени 5 награди: награда за најдобра машка улога, награда за најдобра женска улога, најдобра режија, гран-при за најдобра претстава и специјална награда за посебни уметнички вредности.

Жири-комисијата е во состав: претстедател Иван Лео Лемо (режисер од Р. Хрватска), Магдалена Ризова Черних (актерка од Театар Комедија) и Љупчо Петрушевски (актер и поранешен долгогодишен директор на Македонскиот народен театар).

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top