Со документарно-политички ангажираната претстава „Јами дистрикт“ на Кокан Младеновиќ, а во продукција на Тиватскиот културен центар и Битеф театар од Србија, вечерва (12 април), во Домот на АРМ во Скопје, ќе започне 11-то издание на Интернационалниот театарски фестивал „Лица без маски“, кој годинава ќе се одвива под мотото „Најди начин“.
-Програмата на фестивалот во целата концепција и редоследност е на некој начин претстава сама за себе. Преку претставите актуелизираме сродни теми за човекот во денешницата… за национализмот за почитувањето на човековите права а нудиме и нови позитивни возможни светови во кои бајката може да биде реалност, вели Игор Ивковиќ, програмски директор на Фестивалот.
Претставата што ја стресе поранешна Југославија е во режија на Кокан Младеновиќ кој вечи: „Нацијата е последниот азил за неуспешните луѓе“ Претстава работена во форма на лажен документарец, кој брутално и болно зборува за бесмислата на националните поделби на нашите простори во време на ХАЈ-ТЕК ерата.
Прецизната и доминатна режија, по текст на Милена Боговац и маестралните улоги на актерките Исидора Симијоновиќ, Јелена Граовац, Нина Нешковиќ, нараторот Немања Драгоша, живата музика на групата „VROOM“, ја држат публиката будна, насмеана и затечена во двата часа тотален театар.
Раскажана е приказна за еден настан од селото Јамина, најстара палеолитска населба во историјата на човештвото, каде НАСА кажува дека е пронајден скелет од најстариот човек на планетата. Бидејќи се наоѓа на територија на три држави: Срвија, Хрватска и БиХ, секоја се обидува истото да го присвои.
„ЈАМИ ДИСТРИКТ“ е во продукција на БИТЕФ театар од Белград, новосадскиот THINK TANK STUDIO и Фестивалот Maszk од Сегедин, Унгарија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.