По десет години постоење, (годинава се одржува единаесеттото издание на фестивалот) „Лица без маски“полека, но сигурно станува препознатливо име, особено кај помладата публика и театарските работници..
Миодраг Костиќ заедно со Игор Ивковиќ единаесет години ја „изненадуваат“ публиката со театарски продукции што значат многу во светот на независното театарско творештво. Македонската публика во изминатите години имаше чест да види различни претстави со нова естетика и содржини благодарение на овие двајца ентузијасти и вљубеници во театарот, иако често било, навистина, тешко да се донесат на фестивалот.
-И покрај бројните препреки на кои наидовме во реализацијата на годинешното издание среќен сум што не дозволивме истите да влијаат во нашата силна верба дека понудената програма на фестивалот мора да се реализира како одговор на сите тие предизвици. Верувам дека годинава одиме скалила погоре со фестивалот и дека публиката тоа навистона го почитува, ни рече Миодраг пред почетокот на годинашното издание на ИТФ „Лица без маски“.
Секогаш е предизвик да се менаџира фестивал како што е „Лица без маски“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.