| четврток, 6 декември 2018 |

Агаси и Ѓоковиќ се разделија: Се согласивме дека не се согласуваме!

Андре Агаси и Новак Ѓоковиќ се разделија, српскиот тенисер наскоро треба да назначи нов тренер.

Андре Агаси потврди дека нема да му биде повеќе тренер на Новак Ѓоковиќ откако немале никаков напредок заедно. Двајцата не се согласувале за повеќе работи, па разделбата била неминовна.

-Имав најдобри намери, се обидов да му помогнам на Новак, но само се согласуваме дека не се согласуваме. Му посакувам се најдобро во кариерата- потврди Агаси.

Ѓоковиќ немаше добро враќање, рано испадна на турнирите во Индијан Велс и Мајами, следен негов настап е во Монте Карло.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top