Времето денеска во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег, а во западните делови од дожд и снег.
Попладне од север ќе има продор на постуден воздух и врнежите на повеќето места ќе поминуваат во снег.
Ќе дува слаб до умерен јужен ветер, попладне постепено ќе го промени правецот во северен.
Температурата ќе се движи од 1 до 6 степени.
Во Скопје времето ќе биде претежно облачно, а попладне со врнежи најпрво од дожд и снег, а кон крајот на денот и во ноќта од снег.
Утринската температура ќе се спушти до еден, а дневната ќе се искачи до четири степени.
Во сабота во текот на денот врнежите ќе престануваат, а ќе дува и северен ветер.
Температурата на повеќе места ќе се задржи под нула степени што ќе предизвика и појава на голомразица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


