| четврток, 6 декември 2018 |

Али Ахмети: Има голем напредок во спроведувањето на Охридскиот договор

Лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети вчера одржал предавање во Виена, каде зборувал на тема „ Западниот Балкан и интеграциите во ЕУ: перспективи за Македонија“.

Во своето обраќање пред влијателни членови на меѓународната и академска заедница Ахмети како што пренесува членот на Европската Иницијатива за Стабилност Криштоф Бајндер изјавил дека има големо подобрување во имплементацијата на Охридскиот рамковен договор.

Ахмети во Виена беше поканет од Институтот „Карл Рајнхард“, Институтот „Дунавски регион и Цeнтрална Европа“, Иницијативата за соработка во Југоистична Европа, австриската Политичка академија и Виенскиот економски форум.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top