| четврток, 6 декември 2018 |

Ретро пред мечот со Стеауа во ЛШ – Како Вардар го „прегори“ романското Динамо

Зна­ев­ме де­ка сме по­сил­ни од Ди­на­мо, спо­ред фуд­бал­ски­те па­ра­ме­три, иа­ко тие беа фа­во­ри­ти. Бев­ме си­гур­ни де­ка ќе ги ели­ми­ни­ра­ме. Бев­ме др­ски, ек­стра-ква­ли­тет­ни, бе­ском­про­мис­ни. Ед­но­став­но ка­жа­но, тој тим то­гаш че­ко­ре­ше пред вре­ме­то. Да­вав­ме гол за три се­кун­ди. Гро­шев до Рин­гов, Рин­гов до Пан­чев и гол, се се­ќа­ва Ва­сил Рин­гов на не­ве­ро­јат­но та­лен­ти­ра­на­та ге­не­ра­ци­ја на Вар­дар од пред 30-тина го­ди­ни

Вар­дар има оди­гра­но мно­гу важ­ни нат­пре­ва­ри во сво­ја­та исто­ри­ја, и на до­ма­шен и на ме­ѓу­на­ро­ден план, а во па­ке­тот не­за­бо­рав­ни е дво­ме­чот со ро­ман­ски­от клуб Ди­на­мо од Бу­ку­решт, во пр­во­то ко­ло од Ку­пот на УЕФА во 1985 го­ди­на. Нај­по­пу­лар­ни­от ма­ке­дон­ски тим, то­гаш сѐ уште во си­сте­мот на ју­гос­ло­вен­ски­от фуд­бал, про­тив ед­на од нај­до­бри­те ро­ман­ски еки­пи. Кој е фа­во­рит? Се раз­би­ра, Ди­на­мо, клуб со бо­га­та тра­ди­ци­ја, ар­ми­ја на­ви­ва­чи и без­број ре­пре­зен­та­тив­ци. На спро­тив­на­та стра­на е Вар­дар со бле­ска­ва ге­не­ра­ци­ја, но ор­га­ни­за­ци­ски мно­гу пос­лаб од Ди­на­мо.

– Спо­ред ме­не, а и ка­ко што ве­лат мно­гу­ми­на, тоа бе­ше нај­до­бра­та ге­не­ра­ци­ја на Вар­дар. И прет­ход­но има­ло пре­крас­ни фуд­ба­ле­ри, на­ши идо­ли, до­бри ре­зул­та­ти, но та­ков склоп на ква­ли­тет­ни по­е­дин­ци, кои игра­ат тим­ски, мис­лам де­ка не­ма­ло. Зна­ев­ме де­ка сме по­сил­ни од Ди­на­мо, спо­ред фуд­бал­ски­те па­ра­ме­три, иа­ко тие беа фа­во­ри­ти. Си­гур­ни бев­ме де­ка ќе ги ели­ми­ни­ра­ме. Бев­ме др­ски, ек­стра-ква­ли­тет­ни, бе­ском­про­мис­ни. Ед­но­став­но ка­жа­но, тој тим то­гаш че­ко­ре­ше пред вре­ме­то. Мил­јан Мил­ја­ниќ ве­ле­ше де­ка фуд­ба­лот по­сто­ја­но оди на­пред и де­ка на­па­дот трае по­кра­тко од 15 до 20 се­кун­ди. Јас во ед­на при­го­да му реп­ли­ци­рав де­ка Вар­дар е мно­гу по­на­пред и од но­ви­те трен­до­ви. Да­вав­ме гол за три се­кун­ди. Гро­шев до Рин­гов, Рин­гов до Пан­чев и гол. Тоа што не­до­сти­га­ше и ка­де што бев­ме ку­си во од­нос на кон­ку­рен­ти­те бе­ше ор­га­ни­за­ци­ја­та во клу­бот. Не зна­ев­ме ка­ко одат про­то­ко­ли­те, ка­ко се до­че­ку­ва­ат су­ди­и­те. Но, и тоа не нѐ спре­чи да го ели­ми­ни­ра­ме ро­ман­ски­от ги­гант – ве­ли Ва­сил Рин­гов, ле­ген­да­та на Вар­дар.

 

Ма­ке­дон­ски­те на­ви­ва­чи во Бу­ку­решт до­пол­ни­тел­на мо­ти­ва­ци­ја

Тој го да­де го­лот на пр­ви­от меч во Бу­ку­решт, за пред­ност од 1-0 на „цр­ве­но-
цр­ни­те“, а Ди­на­мо, се­пак, до­па­ту­ва во Скоп­је, на ре­ван­шот, со по­зи­ти­ва од 2-1.
Пре­свр­тот, со по еден гол, го креираа ро­ман­ски­те ре­пре­зен­та­тив­ци, Мир­чеа Ред­ник и Јо­ан Ан­до­не од пе­нал.

– Се се­ќа­вам де­ка има­ше мно­гу пуб­ли­ка во Бу­ку­решт. Из­не­на­ду­ва­ње за нас беа ма­ке­дон­ски­те сим­бо­ли на ста­ди­о­нот. Де­лот од ед­на­та три­би­на бе­ше до­бро ис­пол­не­та со на­ши на­ви­ва­чи. Ат­мо­сфе­ра­та бе­ше из­во­нред­на, а ние не се исп­ла­шив­ме. На­про­тив, пре­пол­ни­от ста­ди­он до­пол­ни­тел­но нѐ мо­ти­ви­ра. Зна­ев­ме де­ка за Ди­на­мо игра ре­чи­си по­ло­ви­на од ро­ман­ска­та ре­пре­зен­та­ци­ја, но ве­ру­вав­ме во се­бе. Јас ду­ри бев си­гу­рен де­ка ќе ги исфр­ли­ме од игра – до­да­ва Рин­гов.

Мир­чеа Ред­ник, Јо­ан Ан­до­не, Со­рин Ра­ду­ка­ну, Јо­нел Авгу­стин, Јон За­ре, Не­лу Ста­не­ску…, не се знае кој е по­го­ле­ма опас­ност за Мом­чи­ло Гро­шев, гол­ма­нот што то­гаш ја чу­ва­ше мре­жа­та на Вар­дар и кој, за жал, ве­ќе не е ме­ѓу жи­ви­те. До­ма­ќи­ни­те, по по­чет­ни­от шок и го­лот на Рин­гов, при­тис­наа, но Вар­дар из­др­жа и има­ше до­бар ре­зул­тат пред ре­ван­шот.

– Мал­ку им по­мог­на и ру­ски­от су­ди­ја, но и тоа не нѐ по­ко­ле­ба. Им по­да­ри пе­нал во Бу­ку­решт. Во Скоп­је ни го де­ле­ги­раа нај­до­бри­от ар­би­тар таа се­зо­на, Ди­тер Па­у­ли од Гер­ма­ни­ја. Се се­ќа­вам на тие де­но­ви ка­ко да бе­ше не­о­дам­на, иа­ко по­ми­наа по­ве­ќе од 25 го­ди­ни. Ври­е­ше во гра­дот, во це­ла­та Ре­пуб­ли­ка. Се ба­ра­ше би­лет по­ве­ќе. То­гаш мис­лам де­ка ќе има­ше и 100.000 пуб­ли­ка, ако имав­ме по­го­лем ка­па­ци­тет на ста­ди­о­нот. Ед­но­став­но, Скоп­је и Ма­ке­до­ни­ја ги тре­се­ше фуд­бал­ска тре­ска. Род­ни­ни, при­ја­те­ли, на­ви­ва­чи ни ба­раа би­лет по­ве­ќе. Ко­га истр­чав­ме на град­ски­от ста­ди­он и ко­га ви­дов­ме пре­пол­ни три­би­ни, зна­ев­ме де­ка го­ле­ми­от Ди­на­мо ќе пад­не – се при­се­ту­ва Рин­гов, на ре­ван­шот во Скоп­је.

Vardar-Ringov-fudbal-star-2

То­га­шен Вар­дар, нај­до­бар во сил­на­та ју­гос­ло­вен­ска ли­га

Ка­ли­ба­рот на вар­да­ро­ви­те игра­чи од тоа вре­ме бе­ше из­во­нре­ден, а по­пу­лар­ни­от Ва­се го по­ткре­пу­ва со фа­кти.

– Па, Дар­ко (Пан­чев н.з.) бе­ше нај­до­бар стре­лец во ли­га­та. Ко­га ќе ка­же­ше ќе да­дам гол, не­ма­ше утка. Ве­те­но – сто­ре­но. По­ко­ен Мом­чи­ло Гро­шев бе­ше еден од нај­до­бри­те гол­ма­ни. Има­ше ли не­кој по­до­бра од­бра­на од Вар­дар?

Во фор­ма­ци­ја­та 4-4-2, ко­ја то­гаш бе­ше мо­дер­на, на сто­пер­ска­та по­зи­ци­ја се ме­ну­ваа Дра­ги Се­ти­нов, Че­де Ја­нев­ски и Или­ја Нај­до­ски. Спој на цвр­сти­на, еле­ган­ци­ја, из­во­нред­на скок-игра.

Бе­ко­ви ни беа Ву­ја­дин Ста­ној­ко­виќ и Мил­ко Си­мо­ски. Пр­ви­от, бо­рец пар ексе­ланс, вто­ри­от брз ка­ко ве­тар. Во тоа вре­ме, тие играа ка­ко се­гаш­ни­те мо­дер­ни бе­ко­ви.

Ги вла­де­е­ја комп­лет­но стра­нич­ни­те по­зи­ции. Во сре­ди­на­та бев­ме сил­ни ка­ко гром. Со Ца­пар (Дра­ган Ка­нат­ла­ров­ски, н.з.), ка­ко за­ден играч за вр­ска. Тој бе­ше глав­на­та ал­ка што ги спо­ју­ва­ше си­те на­ши ли­нии. Еден бес­пре­ко­рен тех­ни­чар, со без­број идеи и кон­тро­ла на си­те игра­чи око­лу не­го. Пред не­го То­ни Са­вев­ски, спо­ред ме­не нај­до­бар кре­а­тор во ли­га­та, во тоа вре­ме. До не­го Пе­пи Ге­ор­ги­ев­ски, ле­во Рин­гов, а од спро­тив­на­та стра­на Гор­дан Здра­вков. Дар­ко Пан­чев на­пред, ви­стин­ска гол-ма­ши­на, се­ко­гаш гла­ден за по­го­до­ци. Во ти­мот од 14-15 игра­чи што се ро­ти­раа, важ­ни ал­ки беа Стој­мир Уро­ше­виќ, Јо­ван Јо­ва­нов­ски и Том­че Тра­ја­нов­ски. За­мис­ле­те кол­ку бе­ше си­лен Вар­дар, ко­га по­не­ко­гаш не­ма­ше ме­сто во старт­на­та по­ста­ва за нај­бр­зи­от фуд­ба­лер во со­јуз­на­та ли­га, Тра­ја­нов­ски. Тоа бе­ше Вар­дар, еден из­во­нре­ден кон­цепт на игра­чи од раз­лич­ни ге­не­ра­ции што, се раз­би­раа, се на­о­ѓаа на те­ре­нот и со вр­за­ни очи. Вар­дар то­гаш фуд­бал­ски бе­ше пред вре­ме­то – рас­ка­жу­ва Рин­гов.

Тој си за­ми­на иста­та се­зо­на, во гер­ман­ски­от клуб Ајн­трахт од Бра­ун­швајг, но се вра­ти след­на­та го­ди­на во Вар­дар, ка­де што ја за­вр­ши бо­га­та­та играч­ка ка­ри­е­ра.

Ова­ции за „цр­ве­но-цр­ни­те“ ју­на­ци во Скоп­је

Гор­дан Здра­вков, со пре­кра­сен гол на са­ми­от старт од вто­ро­то по­лу­вре­ме, му до­не­се плас­ман на Вар­дар во вто­ра­та рун­да. Ед­но од нај­до­бри­те ле­ви кри­ла во то­гаш­на Ју­гос­ла­ви­ја, Ва­се Рин­гов, мал­ку си по­и­гра со нер­ви­те на вар­да­ро­ва­та ар­ми­ја на­ви­ва­чи, ко­га при ре­зул­тат од 1-0 не по­го­ди пе­нал, но со игра­та и со бор­бе­но­ста зас­лу­жи ова­ции од три­би­ни­те, ка­ко и дру­ги­те ју­на­ци во „цр­ве­но-цр­ни“ дре­со­ви. Пуб­ли­ка­та на но­зе, со дол­го­тра­ен ап­ла­уз, ги ис­пра­ти од те­ре­нот сво­и­те ми­ле­ни­ци. Тоа бе­ше вто­ра по­бе­да за нај­тро­феј­ни­от ма­ке­дон­ски клуб во евро­ку­по­ви­те, во вто­ри­от на­стап. Прет­ход­но во се­зо­на­та 1961/62 го­ди­на, то­гаш­ни­от по­бед­ник на ју­гос­ло­вен­ски­от куп, Вар­дар, игра­ше дво­меч со Дан­ферм­лајн (0-5 и 2-0).

– Скром­но го прос­ла­вив­ме ус­пе­хот. Са­мо­и­ни­ци­ја­тив­но се со­брав­ме во еден но­ќен клуб во Скоп­је. Не­мав­ме не­ка­ква спе­ци­јал­на прос­ла­ва. Упра­ва­та нѐ по­че­сти со двој­ни пре­мии и тоа бе­ше сѐ. Ни бе­ше ва­жен ус­пе­хот што го по­стиг­нав­ме на те­ре­нот, па­ри­те беа спо­ред­на ра­бо­та. Бев­ме гор­ди што ги изра­ду­вав­ме на­ши­те на­ви­ва­чи и це­ли­от ма­ке­дон­ски на­род. Тоа беа злат­ни вре­ми­ња за Вар­дар. На тре­нинг имав­ме по пет ил­ја­ди пуб­ли­ка. Не­ма­ше ме­сто на по­мош­но­то игра­ли­ште зад источ­на­та три­би­на. А, за нат­пре­ва­ри­те да не збо­ру­вам, се знае. Се­ко­гаш играв­ме пред пол­ни три­би­ни и да­вав­ме сѐ од се­бе за да го со­чу­ва­ме и по­диг­не­ме ре­но­ме­то на клу­бот – ве­ли Рин­гов.

Vardar-Ringov-fudbal-star-3

Стариот Градски стадион беше полн како грозд на секој натпревар (момент од дуелот Вардар – Динамо Б)

Сле­ден про­тив­ник на Вар­дар, во то­гаш­ни­от Куп на УЕФА, се­га пре­и­ме­ну­ван во Ли­га на Евро­па, му бе­ше шкот­ски­от Дан­ди ју­нај­тед. По­ра­зот од 0-2 на го­сти бе­ше клу­чен за ели­ми­на­ци­ја на „цр­ве­но-цр­ни­те“, кои оди­граа не­ре­ше­но 1-1 на ре­ван­шот во Скоп­је.

– Бев­ме по­сил­ни од Дан­ди ју­нај­тед. Тие играа прет­ход­на­та се­зо­на во за­врш­ни­ца­та на Ку­пот на УЕФА, но ние не се пла­шев­ме од нив. Са­ми се по­бе­див­ме, про­тив­ни­кот не нѐ на­ди­гра. Ор­га­ни­за­ци­ски­те про­пу­сти и игри­те над­вор од те­ре­нот беа по­сил­ни од нас. Во Шкот­ска ни иск­лу­чи­ја два игра­ча, па по­ра­зот бе­ше не­ми­но­вен, иа­ко до­де­ка имав­ме ист број фудбалери на те­ре­нот, не ни дој­доа до на­ши­от гол. Во Скоп­је се оби­дов­ме да на­пра­ви­ме под­виг, но ре­зул­та­тот од 0-2 бе­ше пре­ви­сок – ве­ли Рин­гов.

Вар­да­ро­ва­та евро­о­ди­се­ја за се­зо­на­та 1985/86 го­ди­на за­вр­ши, а, спо­ред Рин­гов и мно­гу­ми­на што ги поз­на­ваа ква­ли­те­ти­те на ти­мот, скоп­ја­ни мо­жеа мно­гу по­ве­ќе.

– Има­ше ини­ци­ја­ти­ва ти­мот да се за­др­жи, но пред­ло­гот, за жал, не се ре­а­ли­зи­ра до­крај. Таа се­зо­на, спо­ред игри­те бев­ме нај­до­бар тим во Ју­гос­ла­ви­ја. Да­дов­ме најм­но­гу го­ло­ви и си­те се чу­деа зо­што не сме пр­ва­ци. За та­ков ус­пех ни тре­ба­ше по­до­бра ло­ги­сти­ка, а Вар­дар, за жал, ја не­ма­ше. И фи­нан­си­и­те беа проб­лем – се се­ќа­ва Рин­гов.

Пишува: Зо­ран По­пов­ски

(објавено во 27. број на неделникот „Република“, 8.03.2013)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top