| четврток, 6 декември 2018 |

Вилшир на лето ќе го напушти Арсенал

Џек Вилшир по завршувањето на оваа сезона ќе го напушти тимот на Арсенал. Раководството на клубот решило да ја заврши соработката со 26-годишниот фудбалер чија кариера ја обележаа повредите.

Вилшир веројатно од наредната сезона ќе биде играч на Евертон, кој е подготвен да му понуди неделна плата поголема од 90.000 фунти.

Вилшир член на Арсенал станал на деветгодишна возраст во 2001 година, а по 17 години и 189 одиграни натпревари за првиот тим реши да замине од Лондон.

Инаку покрај Евертон интерес за него покажуваат италијанските тимови Милан, Сампдорија и премиерлигашот Саутемптон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top