Дисциплинската комисија на Фудбалскиот сојуз на Англија (ФА) го казни фудбалерот на Арсенал Џек Вилшер со два меча суспензија поради потегот што го направи на натпреварот со Манчестер Сити.
Вилшер на провокациите од трибините, откако не се сложи со една судиска одлука им одговори со кревање на средниот прст, а тоа скапо го чинеше.
Доколку жалбата која сака да ја поднесе Вилшер не биде прифатена, играчот за врска на Арсенал ќе ги пропушти двата наредни натпревара против Челси и Вест Хем.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.