| четврток, 6 декември 2018 |

Да запалиме по една!

Првотимецот на Арсенал, Џек Вилшер, со добрата игра го сврте вниманието на себе, но и со лежерниот живот надвор од терените.

Веќе подолго време младиот фудбалер одбива да признае дека е страстен пушач, но на интернет се појавија слики на кои јасно се гледа како Вилшер пуши цигара пред ноќен клуб во Лондон.

Ќе видиме сега какво објаснување ќе даде Англичанецот или, пак, ќе признае дека тргнал по стапките на Ешли Кол и на Вејн Руни, за кои одамна се знае дека се страствени пушачи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top