Фудбалерот на Арсенал, Џек Вилшер, откри дека на навивачите на Манчестер сити им покажал среден прст поради тоа што тие му ги навредувале децата.
– Не требаше така да реагирам, но сигурен сум дека секој татко ме разбира. Претпоставувам дека во иднина ќе морам да ги трпам навредите за моите деца – напиша Вилшер на неговиот профил на „Твитер“ и додаде дека едвај чека да се врати на теренот.
На натпреварот од 16. коло во Премиер лигата меѓу Манчестер сити и Арсенал, Вилшир на домашните навивачи им го покажа средниот прст, а поради тоа доби забрана од два натпревара неиграње.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.