Најдоцна до средината на летото две слоници од зоолошка градина во близина на Брисел, доаѓаат во Скопје.
Слонарницата е комплетно готова, а можат да ја видат и сѐ помногубројните посетители. Изградена е на површина од 3.200 квадратни метри и се состои од внатрешен и надворешен дел, соодветно поделени за живеење на два слона. Внатрешното живеалиште е составено од повеќе делови, како дел за хранење и спиење, дел за набљудување, дел за посетители, поставени се специјални прегради во делот каде што се чистат ушите на слоновите, ноктите… Живеалиштето се изгради со пари од градскиот буџет.
Независно од големиот ангажман околу слоновите, од ЗОО интензивно работат и на завршување на живеалиштето на мајмунот Коко, кој треба да се врати од социјализација од Холандија. Поради депресија во која падна откако почина мајка му, во април 2009 година, кога имаше 13 години, беше транспортиран во институтот за ресоцијализација на шимпанза „Алмере“ во Амстердам. Не е исклучена можноста, велат од ЗОО, заедно со Коко од Холандија да дојдат и две други шимпанза.
Во меѓувреме, надлежните преговараат да донесат и морски лав, кој ќе му прави друштво на Кан, кој остана сам откако пред речиси една година загина брат му Аби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.