Албанските политички структури на СДСМ во Сарај, изразуваат незадоволство и револт, дека се чувствуваат изманипулирани од страна на некои функционери на СДСМ.
Тие велат дека во текот на изборната кампања добиле многу ветувања дека ќе добијат работни места и високи функции, но такво нешто не се случи, дури сега не им ги отвараат нивните телефони за комуникација.
Од страна на СДСМ во Сарај велат дека СДСМ доби три илјади гласови на парламентарните избори и на локалните избори нивниот кандидат за град Скопје, Петре Шилегов, доби 9200 гласа и и пак од Сарај за директор е назначен Македонец од Шишево и ниту еден Албанец, пишува весниот Лајм.
Тие покажуваат незадоволство и против ветувањата на премиерот Зоран Заев и градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.
-Многу е ветено и на крајот ништо, само што им наштетија на албанските партии. Веднаш по изборите сè се промени, и покрај големите ветувања. Во структурите на СДСМ во Сарај, има многу малку Албанци, сите се од Матка и Шишево – велат членови на СДСМ во Сарај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.