| четврток, 6 декември 2018 |

Шпанија одвај ја порази Италија на пенали (Видео)

Шпанија ќе му биде противник на Бразил во финалето на Купот на конфедерациите. Избраниците на Висенте дел Боске беа подобри од Италија по изведување на пеналите (7-6), откако мечот по 120 минути заврши без голови

 Шпанија иако победи на овој натпревар, не покажа ништо посебно во играта и играше лошо. Италијаните беа нешто подобри и повеќе се трудеа, но исто така беше без резултат. Дури 120 минути овие 2 тима се мачеа да стигнат до гол и да победат.
Ударите од белата точка почнаа со„паненка“ на Кандрева кој го измами Касилјас. Погоди Чави за 1-1, а прецизни беа и Аквилани и Иниеста за 2-2.
 Де Роси и Пике исто така беа успешни од белата точка, 3-3. Селеден беше Џовинко и погоди, а и Серхио Рамос научил да шутира пенали и веќе не ја праќа топката во вселената, 4-4.
Петта серија, Пирло смирено ја затресе мрежата за водство за Италија од 5-4, но и Мата веднаш по него покажа ладнокрвност.
Се редеа пеналите, Монтоливо беше успешен, а потоа и Бускетс за 6-6.
Дојде редот на Бонучи и тој беше прв што погреши, ја испрати топката над гредата, а Хесус Навас го искористи подарокот и погоди за финале. Шпанија по изведување пенали победи со 7-6.
Претходно Бразил го победи Уругвај со 2-1 и си обезбеди меч за трофејот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top