Францускиот музеј „Лувр“ отвора изложба во Техеран на која ќе бидат изложени педесетина ремек дека меѓу кои и египетската сфинга стара 2.400 години, бистата на римскиот император Марко Аврелиј, цртеж на Рембрант и пејсаж на францускиот сликар Коро.
Ова е првпат некој голем музеј од Западна Европа да ги даде на увид на иранската јавноста вакви уметнички дела. Изложбата ја одразува желбата на Франција да ги засили силните историски врски кои ја врзуваат со Иран и покрај тешкото минато во односите меѓу Париз и Техеран кое е поврзано со несогласување околу политичките и безбедносните прашања.
Изложбта ќе биде отворена за јавност од утре во Националниот музеј на Иран во центарот на главниот град Техеран.
Експонатите се донесени од Франција во Иран со товарен авиион.
– Идејата беше „Лувр“ да им покаже на Иранците дел од својата поставка, така што се обидовме да направиме избор кој ќе биде репрезентативен и кој ќе ги отсликува сите осум одделнија на „Лувр“- скулптури, антиквитети, слики. Тука се опфатени и современите дела и делата кои од неодамна се во колекцијата на музејот – изјави за „Франс прес“ Џудит Енон, една од организаторките на изложбата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.