| четврток, 6 декември 2018 |

Гемиџиите во Велес ја почнаа Вардарската регата

Стотина учесници се дел од манифестацијата која ќе трае до недела. Гемиџиите тргнаа на 10 чамци и една гемија, дрвен сплав тежок два тона, ќе пловат по Вардар во должина од 140 километри од Велес до Гевгелија. Традиционалната Вардарска регата стартуваше под Мало мовче, како и пред два века, од местото од каде што тргнувале гемиите со кои се носела стоката, тутунот, виното, афионот, житото. Учесниците четири дена ќе ја освојуваат реката по стапките на велешките трговци кои со сплавови ја носеле стоката за Солун. Но, наместо до Солун, регатата сега завршува во Гевгелија. Притоа, тие ќе ноќеваат во воениот камп Криволак, во Демир Капија и во Марвинци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top