По покана на СОНК во Македонија пристигна претседателката на Европската конфедерација на синдикатите за образование. Поводот за поканата според претседателот на СОНК се состојбите во образовонието, состојбите околу социјалниот дијалог и зачестените отпуштања од работа на синдикални функционери и отпуштање на членови во синдикатот за образование.
Имено претседателката ЕКСО и на СОНК се сретнала со министерката за образование Рената Дескоска, а на средбата било посочено дека социјалнот дијалог и партнерство во последно време е на најниско можно ниво, реформите во образованието се прават без советување со синдикатот, не се продолжуваат работни договори на вработени и отпуштања од работа без сериозни образложенија.
-Клучниот проблем е квалитетот на образованието, министерството за образование има интерес за зголемување на квалитетот на образованието исто како и наставниците и оние кои работат во образованието. Ние разговаравме јасно за кои услови се потребни за квалитетно образование и за важната улога која професорскиот синдикат ја има во креирањето на тие услови. И за важноста на социјалниот дијалог каде социјалните партнери како СОНК ќе имаат простор на преговарачката маса и ќе има значајна дискусија за добро решение, за добри работни услови – рекла претседателката на Евопската конфедерација на синдикати за образование, Сузан Флокен за средбата со Дескоска.
-СОНК мора да биде дел о процесот за реформи во образованието- додала таа.
Флокен е претседателка на Европската конфедерација на синдикатот за образование и претставуваат преку 130 образовни синдикати односно 11 милиони професори од сите нивоа на образование.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)