| четврток, 6 декември 2018 |

Дескоска доби опомена од Европската конфедерација на синдикати за образование (ВИДЕО)

По покана на СОНК во Македонија пристигна претседателката на Европската конфедерација на синдикатите за образование. Поводот за поканата според претседателот на СОНК се состојбите во образовонието, состојбите околу социјалниот дијалог и зачестените отпуштања од работа на синдикални функционери и отпуштање на членови во синдикатот за образование.

Имено претседателката ЕКСО и на СОНК се сретнала со министерката за образование Рената Дескоска,  а на средбата било посочено дека социјалнот дијалог и партнерство во последно време е на најниско можно ниво, реформите во образованието се прават без советување со синдикатот, не се продолжуваат работни договори на вработени и отпуштања од работа без сериозни образложенија.

-Клучниот проблем е квалитетот на образованието, министерството за образование има интерес за зголемување на квалитетот на образованието исто како и наставниците и оние кои работат во образованието. Ние разговаравме јасно за кои услови се потребни за квалитетно образование и за важната улога која професорскиот синдикат ја има во креирањето на тие услови. И за важноста на социјалниот дијалог каде социјалните партнери како СОНК ќе имаат простор на преговарачката маса и ќе има значајна дискусија за добро решение, за добри работни услови – рекла претседателката на Евопската конфедерација на синдикати за образование, Сузан Флокен за средбата со Дескоска.

-СОНК мора да биде дел о процесот за реформи во образованието- додала таа.

Флокен е претседателка на Европската конфедерација на синдикатот за образование и претставуваат преку 130 образовни синдикати односно 11 милиони професори од сите нивоа на образование.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top