Кај Т.Ц. Мавровка, денеска, околу 10 часот на, при подигање на патничко моторно возило “Ланд ровер” со скопски регистарски ознаки со специјално возило “пајак”, од страна на Б.А. вербално е нападната полициска службеничка, која била на местото на настанот, информираше МВР во дневниот билтен.
Бидејќи Б.А. агресивно се однесувал кон полициската службеничка, биле повикани и други полициски службеници на местото на настанот. Се работи на целосно расчистување на случајот, додаваат од министерството.
Како што јавија домашните медиуми повикувајќи се на неофицијални информации, напаѓачот во овој иницдент бил Бекир Асани, висок функционер на ДУИ и поранешен претседател на на партискиот огранок во општина Чаир. Како што јави порталот Инфомакс, Асани не бил приведен од страна на полицијата, по силните ургенции од страна на функционери на владата, и заменик-министерот за внатрешни работи Нухиу.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Полицајката која истера бездомник од ресторан, разлути многумина (видео)
-
Скопјанец претепан со ланец и секира пред своите внуци
-
Трајановски: ЈО да утврди дали има прикривање на физичко насилство врз полицијаката
-
Стружанка заработи кривична: Го нападнала сопругот со нож, го расекла на главата и челото