| четврток, 6 декември 2018 |

Полицајката која истера бездомник од ресторан, разлути многумина (видео)

Човек забележал инцидент во еден ресторан за брза храна, а на видеото кое го снимил никој не останал рамнодушен… Овој човек наспроти „Мекдоналдс“ видел бездомник и го прашал дали е гладен. Откако човекот му одговорил искрено, му рекол да појде со него и дека ќе му плати оброк. Го платиле неговото јадење и седнале да јадат, а потоа се појавила полицајка која го бркала човекот надвор со објаснување дека бездомникот просел на паркингот на ресторанот.

Човекот се расправал со полицајката и со работниците бидејќи не му било јасно зошто е избркан од ресторанот. Снимката на Фејсбук е прегледана повеќе од милион пати, а луѓето во коментарите го поддржале човекот и јасно покажале дека чинот на полицајката нема никакво оправдување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top