Јавниот обвинител треба да утврди дали имало прикривање на физичко насилство врз жена – полицајка, смета Жарко Трајановски, од невладиниот сектор.
МВР објави дека по извршениот разговор со Беќир Аасани од ДУИ ќе биде поднесена само кривична пријава, бидејќи според МВР, само вербално нападнал полицајка, која асистирала при подигнување на неговото возило со пајак служба.
,,Вчера МВР објави вакво соопштение: „Денеска (01.03.) околу 10 часот на крстосниците на булевар “Гоце Делчев” и улица “Филип Втори” во Скопје, при подигање на патничко моторно возило “Ланд ровер” со скопски регистарски ознаки со специјално возило “пајак”, од страна на Б.А. вербално е нападната полициска службеничка, која била на местото на настанот. Бидејќи Б.А. агресивно се однесувал кон полициската службеничка, биле повикани и други полициски службеници на местото на настанот. Со Б.А. е извршен разговор во ПС Бит Пазар и изготвен записник за констатиран прекршок по чл. 13 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.“
Чл. 13 се однесува и на омаловажување или навредување на полициски службеник и глобата за овој прекршок е 600 до 900 евра.
Но, вчера во медиумите беше објавена информација дека полициската службеничка била примена во здравствена установа каде што и била извршена интервенција за лесна телесна повреда. Ако имало телесна повреда, тогаш постои основано сомневање во јавноста дека немало само „вербален напад“, туку и физички напад врз полициска службеничка од страна на политички функционер.
Исто така, има основано сомневање дека политичкиот функционер или негови колеги извршиле незаконско влијание за да се попречи истрагата, односно има индиции дека се сторени кривични дела „Непријавување кривично дело или сторител“, „Помагање на сторител во извршено кривично дело“, „Незаконито влијание врз сведоци“, а во врска со можни кривични дела „Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ или „Спречување службено лице во вршење службено дејствие“ (за кои е предвидена казна затвор од 6 месеци до 5 години).
Накусо, по допрен глас од страна на медиумската јавност Јавниот обвинител има право да покрене истрага со која ќе се расчистат дилемите во врска со овој случај.
Истото може да го стори и одделот за внатрешна контрола на МВР!
Се надевам дека и македонското женско лоби ќе побара расчистување на случајот затоа што има сериозни сомнежи дека се прикрива физичко насилство врз жена!
И полицајките се жени, нели?“-пишува Трајановски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Фатил жена во кражба: Кога ги видел нејзините деца наместо да ја уапси направил нешто неверојатно(видео)
-
Маж уапсен бидејќи појадувал со жена (ФОТО)
-
Охриѓанец е осомничен за вчерашното убиство во Велгошти
-
Монструозно насилство утринава во Тетово: Маж ја прободел својата вонбрачна жена во градите, вратот, грбот и дланките