| четврток, 6 декември 2018 |

Епопеја

Ламбе Арнаудов, колумнист

Возљубен мој народе македонски, нека Ти е честит и вековит 27.02.2018 година денот на сенародното, македонско востание. Востание, кое по многу нишани и обележја единствено во историјата на човештвото, подигнато блицкрик изведено и за само три часа завршено успешно и прогласено за победничко. Најважно од се изведено мирно, достоинствено, маестрално, Гандиевски ненасилно, без ниедна навреда, повреда, нанесена рана, без ниедна пролеана капка крв и без ниеден испукан куршум. Подвиг за почитување и восхитување, така како што прилега на нашиот народ вдахновен со патриотизам, родољубие, култура ама и со подеднаква љубов кон сите други народи исто како и кон својот. Вистинска Епопеја за вечно паметење и непресушен извор за длабока инспирација на идните генерации.

Наскоро влегувам во осмата деценија од мојот живот и замислите за цело ова време, Македонија и македонскиот народ имав чувство дека ми недостасуваат. Ми недостасуваа и тогаш кога бевме заедно, тие со мене, јас со нив. Постојано ме јадеше некоја црна јанѕа, тивко и ерозивно ме нагризуваше, со длабок неспокој во мојата душа особено изразено во последниве две години дека ќе ги изгубам. И така сето тоа траеше само до сношти.

Сношти мој народе македонски, Ти повторно во себе го препозна малку подзаборавениот Бог, повторно го засака Господ и повторно го послуша. А, тој нашиот Создател, Ве награди со тоа што слабите ве направи јаки, јаките појаки, појаките најјаки, за полесно да го сочувате дарот што господ Ви го дал. И да разберете дека она што Господ го подарил, никој не може да ви го одземе. Сношти, на највелинченствен начин ја одбранивте татковината, го сочувавте името и идентитетот, ја потврдивте историјата и сето тоа го искажавте на највпечатлив начин, преку искажаниот убав збор, на топол и разбирлив мајчин јазик. Јазикот кој е највредна и најскапоцена институција на еден народ секој негов збор макар и прилог од само една буква е музејски експонат од непроценлива вредност. Зборот што кога ќе го чуеш, благо ти го подстресува твоето тело, зборот кој ја затоплува твојата душа, зборот што го охрабрува твоето срце и кој ти го разбиструва паметот, е од таа мајка си род.

Почитуван мој народе, дали некогаш сте слушнале од првото појавување на писменоста до денес некој си писател, новелист, романописец, драматург, баснописец, сценарист, нобеловец или бестселерист да пишува на друг јазик освен на својот мајчин. Нема. Невозможно е да пишуваш на друг јазик, невозможно е да ги искажеш своите чувства и невозможно е да дадеш квалитет на пишаниот збор ако тоа не го правиш на мајчиниот јазик. На друг јазик можеш само да преведуваш, ама тоа е само бледа копија на оригиналот што не предизвикува никаков интерес.

Сношти сакан мој народе, Ти повторно го завзеде високото место на пиедесталот погоре од сите, место кое вистински ти прилега. Под твоите нозе клечеа исповедувајќи покајание и барајќи прошка од Тебе, оние кои не веруваа во тебе, оние кои се оградуваа од тебе, они кои се потсмеваа со тебе и оние кои се срамеа од тебе. Малку понатака исто под твоите нозе лежеа на плеќи фрлени, туширани и победени душманите и предавниците, вкочанети и избезумени, несвесни што ги снашло.

Сношти ти им докажа на војниците, на полицајците, на генералите, на министрите, на судиите, на обвинителите, на премиерите и на пртседателите дека кога ќе се колнат на верност и служење, дека не се колнат кон своите надредени, туку дека се заколнуваат кон најнадредениот на надредените, шефот на сите шефови, а тоа си ти народот.

Сношти паднаа во вода алиби објаснувањата на политичарите, лидерите на големите партии, самоповиканите лидери на партии без членство, на асантите, политичарите калкуланти и сметководители, кои Ве уверуваа дека било каква акција од ваков вид ќе и нашетело на имиџот на партијата. Добро е што не му поверувавте. Оштетувањето не може да ги снајде од народот, туку само од нивни погрешни одлуки. Денеска е време и народот тоа го знае, дека треба да се одбрани да се сочува, татковината и народот. Народот не е тука да ги чува и брани партиите, туку е должен себеси и таткновината да ги одбрани од се па дури и од партиите и нивните лидери.

Сношти, по којзнае кој пат се потврди вистината дека секој има последна шанса, освен народот, народот е единствен кој и после последната прилика има нова прилика и после последното утро има ново утро итн итн. И затоа немој никој и никогаш да се поигрувате со било кој народ, особено не со сопствениот, затоа што народ не може никој да победи.

Оној што не верува во својот народ, оној што се оградува од постапките на својот народ, тој што се срами од сопствениот народ, или се подбива со својот народ сам себе се осудил на личен самопрогон и доживотна самотност.

Благословен мој народе! Ти благодарам што сношти ме прими во своите топли прегратки и ме направи заедно со тебе да се чувствувам среќен и безбеден.

Ти благодарам што ме направи горд на своето потекло.

Ти благодарам што ми ја врати вистинската верба во нашата светла иднина и среќно потомство.

Ти благодарам што направи моите сограѓани мене да не ме препознаваат само како Ламбе, туку како МАКЕДОНЕЦ.

Ти благодарам, мој народе македонски за се што сношти направи за јас повторно да се чувствувам човек.

На крај. Ти благодарам што повторно ми го врати достоинството и храброста на плевелот распространет низ мојот народ во лице да им кажам: Марш оттука, гниди, гниди гнидосани јас сум на другара страна. МАРШ ЗА СИТЕ МАКЕДОНСКИ ЕРГА ОМЕНС ЛИЖИПУТАНЦИ. Изразот лижипутанци не е грешка. Тој е пандан за малите човечиња, џуџиња наречени лилипутанци според измислениот остров Лилипут во сатиричната приказна за Гуливер од Џонатан Свифт. За жал овие лилипутанциве ерга омнес македонски се вистински, претставуваат големо зло и истовремено се елементарна непогода и се историска аномалија за македонскиот народ. Лесно се прилагодливи и се високо ризично заразни и пред да стане епидемолошка или пандемска инфекција ставете ги во карантин за да не го затрујат нашето општество. Затоа треба да бидат до крај уништени.

Напред мој славен, народе македонски нема застанување, нема колебање. Колебливоста е првиот чекор до неуспех, а народ неуспех не признава.

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top