Во ЈУ Културно Информативен Центар – Скопје, во Изложбениот салон – Империјал 2, среда, 28 февруари 2018 год. во 20:00 ч. ќе се отвори изложба на слики и графики од 4 автори од Нови Пазар (МИРЗА ЖУПЉАНИН, АЗРА ХАМЗАГИЌ, АСМИР ХУСОВИЌ и СУМЕЈА БЕЌОВИЌ )
МИРЗА ЖУПЉАНИН роден 1981 год. Во Нови Пазар. Факултет за ликовни уметности завршил во Нови Пазар. Реализирал 17 самостојни и 60 групни изложби.
АЗРА ХАМЗАГИЌ родена 1985 год. во Нови Пазар. Академија за ликовни уметности, отсек сликарство, завршила во Сараево. Реализира 8 самостојни и повеќе групни иаложби.
АСМИР ХУСОВИЌ роден 1987 год. во Нови Пазар. Завршил на Државниот универзитет , а магистрирал на на Интернационалниот универзитет во Нови Пазар, отсек графика. Реализирал 6 самостојни и 60 групни изложби.
СУМЕЈА БЕЌОВИЌ родена 1991 год. во Нови Пазар. Завршила на Интернационалниот универзитет во Нови Пазар. Реализирала 5 самостојни и 30 групни изложби.
Изложбата ќе биде отворена до 10 март 2018 год.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.