Циклонската активност со центар над Јонско Море сугерира дека и понатаму ќе имаме врнежи од снег, пишува Славчо Попоски за Meteomax. Како што објаснува тој, на приложената радарска фотографија јасно се гледа дека во моментов од запад и југозапад се приближува нова тура врнежи од снег.
Врнежите ќе резултираат со понатамошно зголемување на снежната покривка, а температурите на воздухот ќе бидат далеку под просекот за овој период од годината, подвлекува Попоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.