| четврток, 6 декември 2018 |

Модна изложба „Новиот бран“ во Францунскиот институт во Скопје

В среда, на 28 февруари ќе биде отворена изложбата „Новиот бран“ во 18 часот, во просториите на Францускиот институт во Скопје, информираат од Институот.

Изложбата се организира со соработка со Технолошко-металуршкиот-факултет во Скопје по повод 25-та годишнина од воспоставувањето на дипломатски односи помеѓу Франција и Македонија, како и во знак на отворање на месецот на Франкофонијата.

Истата е дел од модниот проект насловен како „ИН витрини во Францускиот институт во Скопје“.
Новиот бран е движење во француската кинематографија кон крајот на 50-тите и почетокот на 60-тите години, преку кое францускиот филм се отвори за еден поинаков, нов начин на снимање филмови којшто сосем се спротистави на традицијата. Општествените промени и промената на начинот на живеење, желбата да се трансформира филмот и да се прекине со минатото се во средиштето на Новиот бран.

Студентите на Институтот за дизајн и инженеринг на облека при Технолошко-металуршкиот факултет преку модни креации ќе го прикажат нивниот поглед кон овој феномен. Тие работеа под менторство на Лидија Георгиева, реномирана дизајнерка и професорка на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје.

Три студентки, чијшто престој на Модната недела во Париз беше поддржан од Францускиот институт во Скопје, ќе ги споделат нивните искуства за време на овој престој.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top